Известување од ОУ„Раде Кратовче“ во врска со прославата во училишниот двор

Почитувани сограѓани,

Ви се обраќам чуствувајќи обврска кон Вас да одговорам на прашањата кои беа пласирани во јавноста за настанот кој се реализираше во училишниот двор на ООУ„Раде Кратовче“-Кочани кој Ве вознемири, следејќи ги вашите коментари и телефонските обраќања до мене како директор.

За Ваше информирање Ви се обраќам дека согласно настанатата состојба со Ковит-19 нашата ромска заедница се обрати да просторот кој е ограден да го користат за настан согласно нивната традиција. Од тоа како раководител на институцијата бев информиран дека е мал настан од присутни 40 до 50 луѓе и истиот да е со времетраење од  2 до 3 часа. Во духот на мултикултаризмот а следејќи ја состојбата како човек помислив  за безбедноста на граѓаните и им одговорив позитивно на нивното доставено писмено барање до училиштето. По кое што посочив истото да биде пријавено и во МВР и да се направи се  за почитување на мерките.

Ве информирам дека не станува збор за парична надокнада за училиштето  клучно беше да се дозволи користење на простор на ромската заедница за настан согласно нивната традиција. За тоа дека процедурата за пријавен настан е направен до МВР е потврда присуството на полициските службеници.

Дека сето ова излезе од контрола и коментарите кои си ги дозволија поединци можевте да ме прашате како раководно лице а за непостапување според усниот договор за оние кои го организираа настанот ќе ми биде пример за иднина колку и да сакам да излезам во пресрет тоа во иднина нема да го дозволам.

Во случајот ниту децата ниту вработените не беа ставени под ризик согласно протоколите.

Не би влегувал во полемика понатаму напишаното а за сите ваши прашања во врска со работата на ООУ„Раде Кратовче“ Ви стојам на располагање.

Благој Давитков Директор на ОOУ,,Раде Кратовче“-Кочани

Сподели: