„Осогово“ – „Беласица“ ќе се игра без присуство на публиката

Почитувани, ве известуваме дека утрешниот натпрвар од Втората лига Исток помеѓу ГФК „Осогово“ и „Беласица“ ќе се игра пред празни трибини. Вратите на трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“ ќе останат затворени за гледачите.

Ова доаѓа по дописот од ФФМ кој ви го пренесуваме:

По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика. 

ГФК „Осогово“

28.02.2020

Сподели: