Раководството на ГФК „Осогово“ ги обнови договорите со фудбалерите во тимот

ГФК„Осогово“ во пресрет на стартот на подготовките за новата сезона во ВМФЛ Исток се екипира на играчки план.

Од клубот информираат дека безмалку цел тим од минатата сезона е задржан, па истите играчи ќе бидат носители на играта во новиот шампионат.

Соработката со нов договор е продолжена со: Андреј Ивановски, Никола Стоиловски, Христијан Крклински, Силвио Ангеловски, Андреј Ричков, Влатко Коцев, Ѓорѓе Глигоров, Борис Донев, Александар Недановски, Тоше Манов, Алекандар Гаврилов, Бобан Здравевски, Драган Паунов и Даријо Трајановски.

Во одност на составот од минатата сезона која беше прекината поради добро познати причини, договорот не е обновен само со Филип Георгиев и Никола Димовски. Голманот Дарко Атанасовски се реши да ја заврши кариерата.

Филип Михаилов и Глигор Дончев кои беа позајмени играчи се вратија во редовите на Академија Пандев.

Како што беше претходно најавено, кон првата екипа се приклучени шест младинци, а тоа се: Стојанче Тренчев, Бојан Стојанов, Марко Соколов, Љупче Пејов, Иван Станојев и Борис Стоилков.

Во следниот период ќе бидат ангажирани и четири до пет нови засилувања.

Сподели: