Автомобил марка “Форд” со кочански регистарски ознаки вечерва предизвика сообраќајна несреќа на улицата “Бранко Пендовски” во населбата Трајаново трло во Кочани.
Според изјави на очевидци, возилото прво удрило во паркиран автомобил на улицата, по што излетало во двор на семејна куќа.
Во автомобилот се превезувале две лица, кои се здобиле со повреди. Според очевидци на настанот лицето кое управувало со автомобилот било во видно алкохолизирана состојба.
При несреќата предизвикана е материјална штета на оградата и фасадата на семејната куќа.
Во моментот кога се случила несреќата на улицата имало малолетни лица, но за среќа нема повредени лица.
Увид на местото на настанот во моментот врши увидна екипа од Полициската станица- Кочани
И. Матеничарски