Автомобил удри во жардиниерите кај полицијата, повредено едно лице

Автомобил марка „Форд“ на кочански регистарски ознаки удри во разделните жардиниери на булеварот „Тодосија Паунов“ кај кружниот тек, во близина на Полициската станица во Кочани.

Според очевидци на настанот, возачот на автомобилот изгубил контрола и удрил во жардиниерите што ги раздвојуваат двете коловозни летни на булеварот. Од ударот со повреди се здобил совозачот во автомобилот, женско лице кое со возило на Брза помош е пренесена во кочанската општа болница.

Сообраќајот на булеварот „Тодосија Паунов“ во правец кон автобуската станица е во прекин. Сообраќајната полиција ги пренасочува возилата по алтернативни патишта.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: