Реакција на „Авто Атом“ испратена до медиумите:
„Неточни, непроверени и исполитизирани се обвиненијата кои деновиве се адресирани на нашата фирма Авто Атом преку локалните медиуми, а од страна на политички субјект. Поради тоа сме принудени да реагираме и енергично да ги отфрлиме замајувачките инсинуации, кои сигурни сме, предизвикуваат револт и кај граѓаните. Посебно заради чувствителниот факт дека се работи за превоз на ученици.
- Челниците на партијата која до вчера беше на власт, добро знаат дека превозникот Авто Атом во изминатите четири години не престанал да бара да си ги наплати извршните решенија, откако ги утужи институциите од кои побаруваше уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со закаснување на фактури во период од 5-6 години во 2017 година. Подоцна следуваше блокада на учелиштата по основ на извршните решенија. Со доаѓањето на власт на актуелниот градоначалник Николчо Илијев ние како одговорни во фирмата од него добивме замолница да се изврши деблокада на училиштата со ветување дека долгот ќе биде целосно ислатен. Во име на соработката покажавме разбирање и ја повлековме блокадата. Наредната година државата донесе одлука и обезбеди финансии за обештетување на фирмите по општини. Во тоа време со оваа одлука локалната самоуправа преку учелиштата ја исплати само главнината и тоа го стори со закаснување, а каматата одби да ја плати, со образложение дека тоа не е нивна обврска. Сега ние прашуваме: Зошто и „во нивно време“ истите тие дозволија и не ни исплатија фактура по која покасно моравме нашите права да си ги оствариме по судски пат, при што учелиштетото се изложи на дополнителни трошоци во таа постапка? Кој го плати тој износ и кој го овозможи?
- По незнаеме кој пат слушаме дека цените на Авто Атом за превоз на ученици се 4-5 пати повисоки од редовните. Јасно и гласно ја информираме јавноста дека тоа е голема лага, бидејќи за релацијата Кочани-Грдовци цената изнесуваше 15 ден. во еден правец, а не 120 денари како што некој ја замајува јавноста.
Почитувани, Ве покануваме Вие или Ваши стручни лица, слободно да ги проверите официјалните документи како што се договорите за превоз склучени меѓу Авто Атом и учелиштата кои ги имаме и ние, за да се уверите во лажните обвинувања кои некој ви ги сервира и ги пласирате во јавноста.
Истовремено бараме јавно извинување од ваша страна за произволните, неточни и злонамерни наводи во вашите соопштенија, кои им нанесуваат штета како на Авто Атом, така и на граѓаните и на пошироката заедница“, стои во соопштението на „Авто Атом“.
Авто Атом ДОО