Администрацијата чистеше на неколку локации во Кочани

Во акцијата за расчитување на отпадот што ја спроведоа административните службеници од Кочани, на неколку локации беше собиран сметот и дистрибуиран на Градската депонија.

Општинската администрација ја расчистуваше непосредната околина на Фабриката за вода.

– Пред неколку дена овој простор повторно изгледаше застрашувачки, беше затрупан со ѓубре, шут, пластика. Очигледно, тој е на удар на несовесните сограѓани, но ние се обидуваме да се спротивставиме на нивните лоши и штетни навики. Со механизацијата на КЈП „Водовод“ создадовме услови за  досредување и собирање на останатиот отпад.  Долж патот, на околу 400 м поставивме ограда, за да го оневозможиме натамошното исфрлање на ѓубрето на овој потег. Акцијата за чистење што ја спроведовме со општинската администрација ја проширивме со  акција за пошумување на 1500 нови садници.  На овој начин уште еднаш испраќаме порака за совесно однесување кон животната средина – соопшти за медиумите градоначалникот Николчо Илијев.

Со неколкуте акции за пошумување спроведени во изминатиов месец и половина,  Општина Кочани овозможи засадување на околу четири илјади садници на различни локалитети во Кочанско. Акции за чистење на отпадот  се спроведоа и кај Спомен-домот „АСНОМ“, Споменикот на слободата и во близина на Градската депонија

Сподели: