Во Фоаје 1 на НУЦК „Бели Мугри“ денеска беше отворена изложбата на дела под наслов „Акварели“, уметнички дела на учениците при Училиштето за цртање и сликање при националната установа.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/05/FB_IMG_1683557460775.jpg)
На изложбата беа прикажани 36 акварели насликани од младите уметници со различна тематика.
За делата на учениците зборуваше М-р Александра Димитрова – стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.
Изложбата ќе биде достпна за пошироката јавност во следните две седмици.
И. Матеничарски
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/05/FB_IMG_1683557476110.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/05/FB_IMG_1683557492235.jpg)