Активистите на „Green“ не се откажуваат од намерата ранците и училишниот прибор да стигнат до оние на кои им се најпотребни

По неуспешниот обид ранците и училишната опрема да бидат донирани на деца од социјално загорезените семејства од Кочани за кое пишувавме вчера, волонтери од Здружението на граѓани „Green“ денеска со нова хумана активност.

Во Трговскиот центар и пред Центарот за култура „Бели мугри“  активистите на „Green“  ги продаваа ранците изработени од рециклиран материјал како и училишниот прибор. Граѓаните имаа можнст да остават доброволен прилог, а  за возврат да одберат од понудата.

Од граѓанското здружение информираа дека собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели, а ранците и прибирот што ќе останат, ќе се  дистрибурираат до училиштата од руралните средини. Донацијата на ученичкиот прибор е обезбедена преку Влатко Узевски, претставник на германската невладина организација „Hope“.

Исто така најавија дека во соработка со наставници и професори од училиштата од Кочани, планирааат да организираат и еко предавање, за подигање на еколошката свест кај младите лица, за што дополнително ќе информираат.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: