Општинската организација на Црвен крст Кочани ја информира јавноста дека поради зголемениот број на дијагностицирани лица со КОВИД-19 во Кочани, зголемена е потребата од набавка на прехрамбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самиозолација, изнемоштени и хронично болни лица, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани.
Граѓаните кои имаат потреба треба да се јават на броевите (071/373-677 или 070/360-855) на Црвениот крст при што ќе бидат посетени и опслужени од мобилните тимови на Црвен крст Кочани.
Сервисната услуга на мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават.
Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.