Акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери во Општина Кочани

Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена започнаа акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери наменети за одлагање на отпадот поставени во централното градско подрачје во Општина Кочани.

Започнатите активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со кои возила се спроведува и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција набавено од економскиот оператор задолжен за третирање на Градската депонија со алги и микроорганизми.

Машинското миење се одвива во раните утрински часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците.

Ваквите активности кои започнаа денес и се одвиваат во централното градско подрачје на Општина Кочани ќе продолжат во сите останати населени места во текот на престојните десетина дена.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот!!!

Сподели: