Спортско-риболовното здружение „Кочани рибар“ денеска ја реализираше акицијата за порибување на над 300 килограми крупен крап на вештачката акумулација „Гратче“.
На пробувањето беа пуштени стотина единки крап кои според правилникот на здружението не смеат да се ловат и ќе служат за природен мрест.
Рибата е обележана за да може да се следи прирастот, а истата е набавена од сертифициран рибарник. Членовите на здружението кон крајот на годината ќе се направат анализа на бројот на обележани единки и нивното мрестење.
Од „Кочански рибар“ најавија дека до крајот на годината планирани се уште најмалку две порибувања со крап како и реализација на други проекти за зачувување и промоција на езерото „Гратче“.
Воедно здружението „Кочански рибар“ кон крајот на месецот, поточно од 24-26 јули ќе биде домаќини на Државниот риболовен натпревар на кој ќе учествуваат 17 рибоволни екипи од Македонија.