Акција за пошумување на Осоговските планини

Општина Кочани во соработка со Шумското стопанство „Осогово“ – Кочани, в петок,на 29 ноември 2019 г., во 12 ч. ќе реализира акција за пошумување.

Акцијата ќе се изведе во подножјето на Осоговските Планини, во близина на Градската депонија,каде ќе се засадат1300 садници.Ова ќе биде прва од неколкуте етапи за пошумување планирани за овој период.

Во акцијата ќе учествуваат вработените во Општина Кочани, а интерес за пошумувањето веќе пројавија неколку граѓански здруженија, меѓу кои и Општинската организација на Црвениот крст – Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“ .

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги повикува сите заинтересирани да се вклучат во пошумувањето како придонес во борбата против аерозагадувањето на Кочани и во обновувањето на опожарените шуми на Осоговијата.

До локацијата за пошумување ќе биде организиран превоз со автобус. Поаѓањето е пред општинската зграда .

Сподели: