На 05.05.2025 год. амбасадорката на САД, Г-ѓа Ангела Агилер, оствари официјална посета на ,,Амфенол Технолоџи Македонија” во Кочани. Амбасадорката беше пречекана од страна на директорот Г-дин Сашко Наков и менаџерскиот тим, кои ја презентираа работата на компанијата, нејзините производи и идните планови за развој.


Оваа посета беше исклучително позитивна и корисна за двете страни. Дискусиите се фокусираа на голем број теми, вклучувајќи ја и ситуацијата во Кочани.
Амбасадорката изрази задоволство од постигнувањата на компанијата и ја истакна важноста на соработката помеѓу приватниот сектор и дипломатските преставништва, во насока на економски развој и иновации.

Посетата заврши со обострана подготвеност за понатамошна комуникација и соработка.
,,Амфенол Технолоџи Македонија”
