Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз во официјална посета на „Амфенол Технолоџи Македонија“

Aмбасадорката на САД, г-ѓа Кејт Мари Брнз, вчера престојуваше во официјална посета на најголемата компанија во регионот АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА. На официјалната и срдечна средба со директорот на АМФЕНОЛ – Сашко Наков, американската амбасадорка ја истакна поддршката и признанието за работата и значењето на АМФЕНОЛ како еден од релевантните стопански субјекти во македонската економија.

При посетата беа разменети информации за тековните и идни процеси во АМФЕНОЛ. Американската амбасадорка и членовите на делегацијата ги посетија и производните погони и се запознаа со најновите проекти на АМФЕНОЛ а ја разгледаа и најновата производствена хала, која е во фаза на финално доопремување со најнова и софистицирана опрема.

На обострано задоволство, со одлични импресии и позитивни пораки, оваа значајна посета од страна на американската амбасадорка во земјава, уште еднаш го потврди значењето на АМФЕНОЛ кое е признато и валоризирано и од страна на дипломатските претставници од највисок ранг.

Сподели: