Амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо во посета на Општина Зрновци

Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо денеска оствари официјална посета на Општина Зрновци каде се сретна со градоначалникот Борчо Коцев.

Целта на посетата беше запознавање со можностите за соработка и поддршка на проекти во општина Зрновци од страна на кинескиот народ.

– Пред почитуваниот амбасадор Н.Е Џанг Ѕуо ја претставивме општина Зрновци, стратегија, визија и планови, а воедно се заблагодаривме за сето она што Кина го има направено изминатите години за државата. Особена благодарност што одвои значителни средства за време на пандемијата, во делот на здравството, социјалата. Се надеваме на искрена понатамошна соработка на локално ниво со амбасадата на Р. Кина и во блиска иднина да се реализираат и проекти за кои веќе имаме проектни документации и што се реална потреба за граѓаните на Зрновци во сферата на животната средина, комунална инфраструктура и туризмот, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Амбасадорот Ѕуо ја истакна заложбата на Кина за поддршка на проекти во  рурални средини во државата што воедно е и една од заложбите на кинеската Влада.

– Ги поддржувам целите кои ги има поставено градоначалниот во делот на економскиот развој, развојот на урбанизмот и туризмот во општината. Се надевам  дека ќе имаме одлична соработка во делот со младинскиот совет и локалните жители. На Конгресот на Кинеската комунистичка партија беше нагласено дека ќе се залагаме на понатамошна соработка на светко ниво за поддршка на мали општини. Во следниот период ќе ја претставиме Општина Зрновци на што повеќе луѓе и компании од Кина, истакна амбасадорот Н.Е Ѕуо.

По официјалната средба во просториите на локалната самоуправа на Зрновци, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо ја посети и фабриката за ориз БМФ во Зрновци каде одблиску се запозна со начинот на преработка на оризот.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: