,,Амфенол Технолоџи Македонија” ги зголемува платите на сите свои вработени

,,Амфенол Технолоџи Македонија” секогаш внимателно ги следи состојбите во економско – социјалната сфера, со цел на свите вработени да им обезбеди лични примања со кои ќе имаат солиден животен стандард.

Поради зголемените животни трошоци како резултат на економската криза и зголемувањето на минималната плата ,,Амфенол Технолоџи Македонија” од 1.04.2023 год. ќе ги зголеми платите на сите свои вработени.

И покрај тоа што од Нова година сите вработени добија покачени плати, веќе од април следува и ново зголемување на платите во ,,Амфенол”. Сите вработени ќе добијат нови анекси и повисоки плати. Покрај покачувањата на платите што редовно ги практикува ,,Амфенол” вработените имаат можност да користат и приватно здравствено осигурување
за лекување во најдобрите приватни болници, како и колективно осигурување за кои трошоците целосно ги покрива компанијата.

И со новото покачување на платите, ,,Амфенол” потврдува дека се реални причините поради кои најголемата компанија во регионот е најбараната и најпосакувана компанија за вработување, чиј број на вработени веќе достигна
над 2 600 лица.

,,Амфенол Технолоџи Македонија

Сподели: