„Амфенол Технолоџи Македонија“ го прослави 9 – тиот роденден – доделени признанија на најуспешните и лојални вработени

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ на свеченост синоќа во Кочани го прослави својот 9 – ти роденден, како компанја двигател на локалната и национална економија, со над 2700 вработени во своите редови.

На свеченоста по повод роденденот, генералниот директорот на „Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков на најдобрите работници во 2022 година и на вработените со  5 години лојалност кон компанијата им подари признанија и подароци.

– Огромна благодарност до сите вработени на „Амфенол Технолоџи Македонија, бидејки овие девет години се заеднички успех на сите вас.  Успехот на „Амфенол“ допрва доаѓа, имаме уште многу работи да завршиме, многу предизцици и успеси. Нашата цел е да работиме да ги задржиме младите во државата. Тие се иднината и тие се носители на идеи и знаења за поголеми успеси на компанијата. Како компанија успеавме да привлечеме и луѓе кои работат во државната администрација, да дојдат во „Амфенол“  и тука да ја градат својата кариера. Вложуваме напори да ги вратиме овде и нашите сограѓани кои си заминаа од овие простори преку поволни услови за работа и квалитет. Благодарност до вработените, „Амфенол Технолоџи Македонија“ и во иднина продолжува да чекори по патот на успехот, истакна Сашко Наков, генерален директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Настанот беше збогатен со музичка програма, а вработените традиционално ја пресекоа роденденската торта и го прославија 9 – тиот роденден на „Амфенол“.

По повод роденденот на „Амфенол Технолоџи Македонија“ годинава компанијата одлучи да изврши донација преку реконструкција на трибината на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани со поставување на настрешница и седишта за гледачите. Воедно, компанијата ќе донира и наставни помагала и реквизити за детските градинки во Кочани, Виница, Македонска Каменица, Пробиштип и Берово.

На повеќенаменското спорткско игралиште по повод роденденот на „Амфенол“ се одржа спортски настан со натпреварувачки карактер помеѓу вработените во компанијата.

Помеѓу двата родендена, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија “ бележи раст на вработените, па така во моментот работат 2700 работници што е раст за 17 проценти споредбено со минатата година.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: