„Амфенол Технолоџи Македонија“ го прослави 11. роденден

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“  на прослава во кругот на фабриката го одбележа својот  11-ти роденден во присуство на вработените и нивните семејства како и долгогодшните соработници на кочанскиот гигант.

На одбележување на роденденот беа доделени награди на вработените за 5 и 10 години работен стаж во компанијата и за најдобрите вработени од сите производствени единици за изминатата година при што традициионално беа доделени рачни часовници и вредносни ваучери. По повод роденденот беше организиран настан за најмладите, децата на вработените во компанијата.

Директорот на компанијата Сашко Наков ја истакна важноста на „Амфенол Технолоџи Македонија“ во изминативе 11 години во развојот на локалната економија и најави развој и стабилност на компанијата на пазарот и во иднина.

  • „Амфенол Технолоџи Македонија“ продолжува да егзистира и да се развива во регионот. Продолжуваме во таа насока да враќаме во заедницата,  да донираме  и да можеме да го направиле целокупниот живот на локалната заедница и регионот подобар од претходно кога го немаше „Амфенол“. Имаме подмладок и иднина и се надевам дека ќе успееме со донациите во училиштата и градинките да ја доближиме компанијата до најмладите, наши потенцијални вработени, додаде Наков.

Во рамки на роденденот „Амфенол Технолоџи Македонија“ традиционално продолжи со својата општествена одговорност за локалната заедница при што донираше дидактички средства на детските градинки во општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Донација добија и волонтерите доброволци од Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Во склоп на роденденот опремена е и болничка просторија во кочанската општа болница, а ќе бидат поставени и автобуски постојки во општините од регионот.

На роденденската програма се најде и турнир во мал фудбал помеѓу производствените единици на „Амфенол Технолоџи Македонија“ што веќе станува традиционален.

Вечерната коктел прослава беше збогатена со спектакуларен огномет, а вработените ги забавуваше македноската поп пејачка, Антониа Гиговска.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: