Вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ донираа книги на кочанската библиотека

Вработените во компанијата „Амефенол Технолоџи Македонија“ донираа книги за ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во рамки на собрината акција што вработените ја реализираа изминатиов период.

Пркеу акцијата за донација од компанијата истакнаа дека се  збогатува книжевниот фонд на кочанската библиотека преку нови и постоечки наслови од домашни и странски автори.

– Во текот на месец февруари, во нашата компанија беше организирана и спроведена акција за собирање и донирање на книги од домашни и странски писатели. Годинава нашите вработени ја покажаа својата општествена одговорност и собраа определена количина книги кои денеска ги донираме на кочанската библиотека „Искра“. Воедно, компанијата обезбеди и нови книги кои ги донираме и со тоа ја продолжуваме и потврдуваме нашата соработка со библиотеката која е повеќегодишна, истакна Валентина Зафировска, од „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Преку овааа акција, додадоа од „Амфенол Технолоџи Макеоднија“ ги поттикнуваат своите вработени да станат нови членови и читатели во „Искра“ , под мотото  „Денес  читател, утре нов лидер“.

Од библиотека „Искра“ се заблагодарија на вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ за донацијата, при што истакнаа дека со овој гест се продлабочува соработката со компанијата. Притоа, изразија надеж дека вработените во компанијата ќе станат читатели и членови во кочанската библиотека и со тоа ќе се поттикнат читателски навики кај населението и вработените.

Сподели: