Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ го заокружи бројот од 3000 вработени, преку што докажа дека е најголем работодавач во Кочани и поширокиот регион.
Моника Стојанова како 3000-ти вработен во „Амфенол Технолоџи Македонија“ од денеска ја започна својата работна кариера во компанијата.

– Денеска е важен ден за Амфенол Технолоџи Македонија, Моника Стојанова е нашиот 3000-ти вработен, а тоа е еден број што го целиме веќе неколку време и еве веќе го постигнаме. Горд сум на тоа и сакам да изразам голема благодарност до вработените, односно мојот тим бидејќи тие се нај заслужни за ова, – истакна Сашко Наков, генерален менаџер на компанијата.

„Амфенол Технолоџи Македонија“ на Стојанова и додели вредносен ваучер од 3000 денари.