,,Амфенол Технолоџи Македонија” – Соопштение

Во пресрет на празникот на градот,
,,Амфенол” со убава вест за своите вработени. Имено деновиве ќе се реализира редовната исплата на К15.

Секоја година во овој период пред празникот, компанијата која сега веќе брои над 3 000 вработени, го исплатува регресот за годишен одмор.

К15 во четврток на 11 Јули ќе добијат сите вработени кои во ,, Амфенол” работат најмалку 6 месеци, а останатите, К15 ќе добијат на крајот на годината.

Ова е убаво нешто и ќе биде од корист за буџетот на вработените, а особено и во овој период сега, пред летните одмори но и пред празникот на Кочани.

Од ,,Амфенол” до жителите на Кочани и до своите вработени упатуваат и честитки за престојниот празник со порака и желби за надеж, верба и успеси за сите во нашата заедница.

,,Амфенол Технолоџи Македонија”

Сподели: