„Амфенол Технолоџи Македонија“ обезбеди приватно здравствено осигурување за своите вработени

Во просториите на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“  денеска беше потпишан договорот за приватно здравствено осигурување на сите 2600 вработени за што трошоците целосно ќе ги покрива компанијата.

Генералниот директор Сашко Наков стави потпис на договорот со компанијата „Македонија осигурување АД Скопје“  преку која вработените  ќе имаат можност да користат  услуги во сите приватни здравствени установи во државата.

– Сакаме да покажеме дека вработените во компанијата за нас се најважни и имаат најголем приоритет, а со ова осигурување и тие ќе имаат големи придобивки. Ќе добијат картички со кои ќе можат да ги користат услугите на врвните здравствени институции во државата. Осигурителната компанија направи екстра поволен пакет со кој генерално се покриваат најважните сегменти, односно лекување, оперативни зафати и други медицински третмани, а со оглед што имаме многу млади работници, опфатени се и прегледи и породувања за жените. Овој чин го планиравме неколку години наназад и конечно дојде време да го реализираме во практика, истакна Сашко Наков, директор на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

„Амфенол Технолоџи Македонија“ стана препознатлива компанија во регионот и пошироко која се грижи за вработените и нивното здравје како и општествена одговорност која ја обезбедуваат за пошироката заедница.

Сподели: