Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ денеска во Кочани го отвори новиот производствен погон „Амфенол ФТГ“ Македонија за производство на електронски приклучоци за различна намена.
Новиот погон е со површина од над 500 квадратни метри, во која е сместен производствениот погон, современа опрема за изработка на електронски прикучоци и магацински простор.
– Денеска е убав ден за „Амфенол Технолоџи Македонија“ и „Амфенол ФТГ“ Германија бидејки денес го одбележуваме официјализираме стартувањето во новата производна зграда на „Амфенол Технолоџи Македонија“ погон ФТГ. Се надеваме во иднина ќе прерасне и ќе го зголеми своето производство и ќе ги достигне нивоата коишто ги очекуваме. Ова е прилика да се заблагодарам на колегите и колешките кои го започнаа проектот, уште за време на пандемијата, се инсталираше опрема, се стартува и се работи. Сега задоволството е голем на сите, истакна Сашко Наков, генерален менаџер на „Амфенол Технолоџи Македонија“.
Во погонот на „Амфенол ФТГ“ ќе се произведуваат електронски приклучоци за автомобилската индустрија, широкопојасната комуникација, воздушната индустрија, индустриските постројки, информатичката технологија и комуникацијата со податоци.
Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во неколкуте производствени погодони вработува над 2800 работници од Кочани и регионот и важи за водечка компанија двигател на економијата во Македонија.
И. Матеничарски