„Амфенол Технолоџи Македонија прославува 10 годишен јубилеј –  попладнево забава за најмалите и вработените

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во кругот на компанијата попладнево организираше прослава за најмалите, децата на вработените во компанијата по повод одбележувањето на 10 годишнината од основањето на компанијата.

Програмата беше збогатена со ритмички настапи на деца од ДГ „Павлина Велјанова“ и музички точки од хорот и оркестарот на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани како и коктел за децата и дел од вработените. Во рамки на настанот беа доделени благодарници и подароци на вработени кои 5 години работат во компанијата.

-„Амфенол Технолоџи Македонија“ десет години опстојува и расте на пазарот. Имаме 2900 вработени, постојан раст, градиме нова зграда. Тоа не е ништо ново за „Амефенол“, тоа е континуитет и продолжуваме понатаму. Павиме се што можеме за вработените. Воведовме приватно здравствено осигурување за вработените и нивните потесни семејства што е голем исчекор за оваа година. Се залагаме за заштита на човековата околина, за одржливост на системот, за таа цел инсталиравме фотонапонски централи, новата е во тек, правиме еколошки акции, донации за да можеме да вратиме на заедницата во којашто опстојуваме. Така продолжуваме и во иднина, истакна Сашко Наков, генерален менаџер на „Амфенол Тенолоџи Македонија“.

Централната прослава по повод 10 годишниот јубилеј е закажана за вечерва во Паркот на револуцијата во Кочани со почеток од 19:30 ч. На настанот ќе бидат доделени благодарници и подароци на вработени кои работат од самиот почеток на компанијата, а ќе бидат прогласени и 10 најдобри работници.

Настанот ќе биде збогатен со настап на македонскиот естраден уметник Влатко Лозановски и балканската ѕвезда Гоца Тржан.

Вчера, во рамки на одбележувањето на јубилејот на компанијата на повеќенаменското спортско игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа и фудбалски турнир помеѓу секторите во „Амфенол Технолоџи Македонија“.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: