„Амфенол Технолоџи Македонија“ прослави јубилеј 10 години постоење

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ вечерва во Градскиот парк во Кочани на роденденски настан отворен за сите граѓани го прослави 10 годишниот јубилеј од постоење на кочанскиот гигант.

На прославата на роденденот беа доделени награди на вработени во компанијата кои наполниле 10 години како дел од „Амфенол“, а беа прогласени и 10 најдобри работници во компанијата.

Настанот беше збогатен со роденденски огномет и концерт на македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски и популарната балканска изведувачка Гоца Тржан.

– Пред 10 години, октомври 2013 год., група од 15 луѓе кои ја почнаа приказната на „Амфенол Технолоџи Македонија“, несебично работејки со желба и ентузијазам да се успее. Денес  привлекуваме се повеќе соработници  и стигнавме до бројка од 2900 вработени, преку 50 милиони евра инвестиции и веќе сме во петте најголеми извозници и работодавачи во државата. Во иднина не очекуваат нови проекти, инвестиции, нови работни места и наша подготвеност да го прошириме „Амфенол“ и приказната и во други градови низ Македонија, истакна Сашко Наков, генерален менаџер на „Амфенол Технолоџи Македонија“ на прославата по повод 10 години од постоење на компанијата.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ реализираше донација за поставување на нови и реконструкција на постоечки автобуски постојки, уредување на занимална во ДГ „Павлина Велјанова“, фудбалски турнир помеѓу вработените и забава за најмалите, децата на вработените во компанијата. Јубилејот беше заокружен со централна прослава на роденденот, во Градскиот парк во Кочани.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: