Уште една еко акција на Амфенол за обновување на шумскиот фонд на опожарените површини.
Денес, во околината на Бели, административни работници, супервизори, менаџери, заедно со директорот на Амфенол Технолоџи Македонија – Сашко Наков, засадија 2 000 багремови садници.
Акцијата беше реализирана во соработка со ЈП Македонски шуми, а со ентузијазмот на вработените во Амфенол, кои и овој пат ја потврдија општествената одговорност на најголемата компанија во регионот.
Амфенол и во иднина успешно и посветено продолжува со грижата за своите вработени, но и со активности за општо добро на сите.
Багремовите садници кои денес ги засадија вработените во Амфенол, се придонес за поубава и почиста околина а багремовата шума која ќе израсне на опожарената површина, ќе биде дар од Амфенол за идните генерации.
Амфенол Технолоџи Македонија