Силвио Ангеловски и Александар Ненадовски се новите засилувања на „Осогово“ кои денеска се приклучија кон подготовките на тимот.
Ангеловски е 24-годишен централен дефанзивец кој доаѓа од редовите на „Овче Поле“. Има настапувано за екипите на „Детонит Јуниор“, „Каменица Саса“, „Еуромил ГЛ“, „Борец“, „Македонија ЃП“, „Кожуф“, „Вардар“ и „Металург“.
Недановски (23) пак е една година помлад од Ангеловски, фудбалер кој игра по крилните позиции на теренот. Доаѓа од тимот на „Пелистер“ за кого, во есенскиот дел од сезоната има постигнато три погодоци. Претходно има настапувано за „Победа“ Прилеп и „Новаци“.
Воедно „жолто-сините“ закажаа и четири контролните средби што треба да ги одиграат до почетокот на пролетниот дел од првенството.
Фудбалерите на „Осогово“ ќе се сретнат со екипите на „Брегалница“ Штип (27.01.2020), „Каменица Саса“ (02.02.2020), „Кожув“ (16.02.2020) и „Слога“ од Виница (22.02.2020).
За точното време на одигрување на натпреварите од клубот ќе информираат дополнително.
И.Матеничарски
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/01/82929343_10156826085615060_6602272230476873728_o.jpg)