Младиот лев бек, Андреј Ричков ги напушти редовите на „Осогово“и ја засили „Саса Каменица“.
22-годишникот беше член на екипата од Кочани од септември 2019 година, но сега по барање на предводникот на „Саса“, Горан Здравков, во Македонска Каменица пристигна Ричков. Амбициите на двата второлигаши беа слични, опстанок во лигата, но по есенскиот дел и„ Осогово“ и „Саса“ котираат на средината од табелата.
Ричков инаку е дете на „Вардар“, но никогаш не доби шанса да се докаже во првиот тим. Тој беше позајмуван во „Беласица“ и „Скопје“, а во 2018 замина во „Кит Го“. Од Пехчево направи трансфер во „Борец“, а стандардна минутажа доби по доаѓањето во „Осогово“.