Семејството Костови од село Чешиново упатува апел до хуманите граѓани за донации на финансиски средства за транспорт на посмртните останки на 32 – годишниот Мартин Костов кој загина во сообраќајна несреќа во Р. Малта.
Хуманите граѓани може да донираат на наменската трансакциска сметка во СИЛК Роад Банка на име на неговиот брат Иван Костов, 280 115104171731 со назнака За донација за Мартин Костов.
За транспорт на телото на преранопочинатото момче потребни се над 5 илјади евра.
Заинтересираните граѓани исто така може да донираат во маркетот во селото Чешиново или директно на фамилијата.