Апел за помош на семејството Војови – Во пожар целосно им изгоре семејната куќа во Кочани

Семејството Војови од Кочани чија семејна куќа  минатата седмица изгоре во пожар молат за помош од хуманите граѓани за обновување на скромниот дом што се наоѓа на улицата „Поп Арсов Блаже“ кај местото „Антена“ во населбата Трајаново Трло.

Пламените јазици од пожарот ја проголтале буквално целата покуќнина на семејството Војови.  Изгорени е кровната дрвена конструкција, таванскиот дел, електрична инсталација и предмети од покуќнината.

– Молам  до хуманите граѓани и стопанственици да донираат градежни материјали или парични средства за повторно да го обновиме нашиот скромен дом кој настрада во пожарот. Моментално покрај градежни материјали и финансии потребни ни се и мебел, облека, кујнски сетови, покуќнина и други предмети од домаќинството, истакна Климе Војов.

Семејството Војови во кое има и малолетни деца сега се принудени да престојуваат кај родини и пријатели бидејки куќата е целосно оштетена и во неа нема можност за живеење.

Војови апелираат до хуманите граѓани да донираат материјални добра и финансиски средства, а сите заинтересирани може да се обратат на телефонскиот број: 075/811- 676 – Климе или да донираат на трансакциската сметка на Стопанска банка:

Tранс. сметка: 200004085100575

Лолита Војова

со назнака Донација за Војови

Сподели: