Апел на Гоце Марков до сите здравствени работници и разумни граѓани

До денес се ни се чинеше шега?!
И секогаш егото, карактерот човечки и знаењето без разлика какво ни стоеше на пат! Но сепак, во Животот има поважни работи, а тоа е колективот, фамилијата, децата, нашата Иднина!?
Гледаме дека состојбата полека и секаде излегува од контрола. Прогласена кризна состојба на одредени места на територијата на Нашата, Република Македонија!!

Оваа ситуација со Covid 19 сите не засега. И сини и црвени, Македонци и Албанци, Власи и Турци, Роми и Срби и сите останати…
Вирусот не препознава партиски бои, вера, нација и убедувања… тој напаѓа!

Доста беше зла крв, дајте да се спротиставиме со почитување на препораките на СЗО?!
Не успеавме да бидеме единствени за многу прашања во оваа држава но по ова Мораме!!

Да го победиме вирусот, на овој или на оној начин!

Да бидеме солидарни, хумани, пожртвувани и Луѓе!!!
Апелиеам до Сите граѓани на Македонија, до моите колеги и колешки: НЕ БЕГАЈТЕ ОД ОДГОВОРНОСТ!
Добивањето лиценца за работа во здравството Ве и Не врзува со Живот да го браниме здравјето на пациентите.
Во вакви круцијални моменти од живеачката Ни, нашиот живот го ставаме во заден план, а животот на пациентите на прво место(како и секогаш).
Ајде да докажеме дека сме обични луѓе, обични херои и патриоти на обичниот Човек?!
Да бидеме секогаш на првата линија!

Сподели: