„Астра Казино“ прв финалист на Петровденскиот турнир

Екипата на „Астра Казино“ е првиот финалист на Петровденскиот турнир, по  победата од 7–3 над тимот на „Балкан Лукс“, на вечерашниот полуфинален дуел што се одигра на повеќенаменското игралиште во гимназијата „Љупчо Сантов“.

Во финалето на Петровденскиот турнир кое е закажано за 12 јули (понеделник) на Петровден, тимот на „Астра Казино“ од 21 ч. , ќе се сретне со победникот од утрешниот полуфинален дуел помеѓу екипите на „ВЛТ“ Грдовци и „Златно Зрно“.

На турнирот в понеделник (12 јули) пред финалниот меч од 20 ч. ќе се одигра и дуел за трето место помеѓу поразените екипи од двата полуфинални натпревари.

За најдобрите учесници во екипна и поединечна конкуренција предвидени се награди, а победничката екипа ќе добие парична награда од 60 илјади денари.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: