Завршуваат градежните активности на улиците „7 Септември“ и кракот 2 од „Искра“ во Кочани. Деновиве изведувачот асфалтира нови 320 метри во населбата Усова Чешма. Со средства од Буџетот на Општина Кочани во износ од 2 милиона денари, решена е патната инфраструктура на овој дел од градот.
Подготовки за асфалтирање се одвиваат и на крак од улицата „Крум Вранински“. Екипи на КЈП „Водовод“ завршија со изградбата на фекална канализација во должина од 130 м, по што се очекува фирмата „Премиум билдинг“ да продолжи со асфалтирањето на овој терен.
За асфалтирање е подготвена и улицата „Карпошово востание“. Кракот долг 270 м е тампониран и се поставуваат рабници.
За изградба на овие улици Општина Кочани намени 8,3 милиони денари.