Асфалтирани улици во Горни Подлог и Оризари

Поволните временски услови за изведба на градежни работи овозможија викендов да бидат асфалтирани улици во селата Горни Подлог и Оризари. Изведувачот „Ленди груп“ асфалтираше вкупно 380 метри на улицата „Христина Карпош“ во Оризари и на „Маршал Тито“ во Горни Подлог. Станува збор за фреквентни улични краци кои повеќе децении чекале на инфраструктурно подобрување.

Со реализацијата на овие улици привршуваат градежните активности за тековната година, планирани и со Програмата за уредување на градежното земјиште на Општина Кочани.

Од улиците што се градат со средства од Буџетот на Општина Кочани за тековната година се асфалтираа: „Крум Вранински“, „Карпошово востание“, „7 Септември“, кракот 2 од „Искра“ и „9 Мај“, а деновиве се очекува да се асфалтираат и улиците „Васил Главинов“ и кракот на „565“ во Лесна индустрија.

На улицата „Борис Ефремов“, како подготовка за уредување се гради потпорниот ѕид.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial