Во општина Зрновци денеска започна асфалтирање на локалниот пат Зрновци – Мородвис во должина од 2500 метри и ширина на коловозот од 3.5 метри.
Вредноста на инвестицијата е 20 милиони денари при што ќе се овозможи современ пристап до земјоделските парцели, подобри услови за изградба на земјоделски стопанства, брз и безбеден транспорт на луѓе и стока и значително вреднување на земјишта, истакна од локалната самоуправа на Општина Зрновци.
Меѓудругото, од страна на Владата на Р. Македонија обезбедени се дополнителни 6 милиони денари за реконструкција на главен доводен цевковод од водоснабдителниот систем на општината како и изградба на локалниот пат од село Мородвис до гробиштата.