АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани зеде учество на 19. издание на Мајскиот фолклорен настан „Ататурк“ во Фетије, Р. Турција.
На дводневниот фестивал ансамблот настапи пред публиката при што од организаторот доби повеќе признанија.
– Како ансамбл добивме повеќе признанија ,сертификати , благодарници, пехари и две златни плакети. Честитки за упорноста на членовите која на крајот се исплатеше. Групата беше подготвена од водичот Стојка Антова преку повеќемесечна припрема, истакнаа од АТМИ „Митко Алексов“.
АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани