„Ауто Велт“ и „Фичобербер Шери казино“ во финалето на 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Екипите на „Ауто Велт“ и „Фичобербер Шери казино “ ќе се сретнат во финалето на Петровденскиот турнир во мал фудбал по победите над своите противници во полуфиналните средби што се одиграа вечерва.

Екипата на „Ауто Велт“ беше поуспешна од тимот на „Амфенол“ и со победата од 2-1 се пласираше во финалето на турнирот. Тимот на „Фичобербер Шери казино“ ја совлада екипата на „Рели“ со резултат од  5-0.

Финалето од Петровденскиот турнир е закажано за в среда 12 јули, со почеток од 20 ч. на повеќенаменското игралиште во гимназијата „Љупчо Сантов“ помеѓу екипите на „Ауто Велт“ и „Фичобербер Шери Казино“.

Претходно, од 19 ч. е закажана средбата за треттото место на турнирот помеѓу екипите на „Амфенол“ и „Рели“.

На затворањето на турнирот ќе биде прогласен најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.

Турнирот е во организација на  Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани). 

И. Матеничарски

Фото: Б. Соколов

Сподели: