„Авто Велт“ победник на 22. Петровденски турнир во мал фудбал 2024

Екипата на „Авто Велт“ е победник на 22. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал, по победата од 2 – 1 во финалниот меч  против тимот на „Рели“.

Во речиси изедначена игра резултатот на полувреме беше 0- 0. Точка на финалниот натпреварот беше ставена во вториот дел за конечни 2-1 за тимот на „Авто Велт“.

Претходно, на повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одигра меч за треттото место, каде поуспешен беше тимот на „Амфенол Технолоџи Македонија“ со победа од 4–3 над екипата на „Естон Дизајн“.

На турнирот беа прогласени победниците за прво, второ и трето место, како и најдобар стрелец, играч  и голман. На турнирот беше доделена благодарница за најмлад фудбалер.

Екипата на „Авто Велт“  како победник на турнирот доби ваучер од 60 илјади денари, на второпласираниот тим „Рели“ беше доделен ваучер од 30 илјади денари, а екипата на „Амфенол Технолоџи Македонија“  како третопласирана  доби 15 илјади денари. Благодарница за четврто место беше доделена на тимот на „Естон Дизајн“

Наградата за најдобар стрелец на турнирот  беше врачена на Јован Дојчинов, од тимот на „ Рели“со 7 постигнати погодоци. За најдобар фудбалер на турнирот награда доби Горан Стојанов од тимот на „Авто Велт “ додека за најдобар голман беше прогласен Ѓоре Јовановски од „Рели“. На тројцата им беа врачени ваучери во вредност од 6000 денари.

И годинава, во чест на прерано згаснатиот живот на сограѓанинот Благоја Апостоловски – Баки  беше доделена награда за најдобар млад фудбалер на играчот Марио Симоски од екипата на „Естон Дизајн“. Наградата ја обезбеди фамилијата Апостоловски, а ја врачи братот на Баки, Даниел.

Благодарници беа врачени и на поддржувачи и помагатели во реализација на 22. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2024 година како и на медиумите.

Турнирот беше во организација на ОФС – Кочани и Локалната самоуправа на Кочани.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: