Афористичката репрезентација на Македонија ја одложи Осмата вечер на македонски афоризми „Кочани 2020“ што требаше да се одржи на 3-ти април годинава.
Сепак тоа не беше пречка жири комисијата да најде начин и да ги уважи пријавените афористичари, кои оваа година твореа на тема „Живот или смрт“
Првата награда му припадна на Љупчо Силјановски од Скопје, второнаграден е струмичанецот Ацо Ѓоргиев, третата награда ја освои Јане Атанасов од Кочани, додека Витомир Долински од Струга доби пофалница.
Од Афористичката репрезентација на Македониаја додадоа дека во иднина се размислува Вечерта на македонски афоризми да прерасне во меѓународна сатиричарска манифестација, со вклучување на афористичари од соседните балкански држави.
Сепак тоа ќе зависи од финансиската состојба и поддршката што ја добива Здружението, особено што годинава тоа не се најде на листата на проекти од програмата на Министерството за култура.