Оваа година за првпат во општина Чешиново Облешево ќе се организира Бадникова поворка. ООУ „Климент Охридски“- Облешево и парохиските свештеници од МПЦ организирано, со пеење на песната Вечниот Бог, на 6 – ти Јануари во 10ч. од пред првавославниот храм Св.Недела во с. Облешево ,ќе ја формираат најдолгата Бадникова поворка.

Со многу љубов ве покануваме сите – дечиња, родители, баби и дедовци – да ни се придружите .
Со носење на златни ѕвезди и пеење на песни да го најавиме Христовото раѓање во секој дом од нашата општина . Да допреме до секое православно семејство и да ја пренесеме Божиќната радост до секое срце.

Исто така на 6-ти јануари во с.Спанчево за прв пат ќе се одржи Бадникова поворка во која ќе учествуваат над 100 дечиња кои ќе ја пеат ,,Вечниот Бог”.
Поворката ќе започне во 9ч. од црквата св.,,Архангел Михаил” па се до влезот на селото (кружниот тек).
Организационен одбор