Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ Климент Охридски Облешево и свештениците од МПЦ поминаа, и со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата пренесе пораки за мир и соживот во Христијанскиот свет.

Денес во предвечерието на Најторжествениот и Најрадосен празник на православните верници -Христовото раѓање,да шириме пораки за љубов добрина и хуманост како темелни вредности на животот.

Градоначалникот на општината Далибор Ангелов и директорот на училиштето Јорданчо Костадинов им посакаа искрени честитки за многу здравје среќа и топлина во душите на сите жители на општината и сите православни верници, а дечињата градоначалникот ги почести со пригодни подароци.
Денес на овој голем христијански празники во с.Спанчево над 120 дечиња го најавија Христовото раѓање со пеење на Вечниот Бог.

Поворката започна од црквата св.Архангел Михаил и се упати до главниот влез на селото(кај кружниот тек), каде што дечињата беа пречекани и им беа поделени Библии за млади од свештеникот Стојанчо Јанев, подарок добија од градоначалникот Далибор Ангелов и повеќе подароци донирани од сограгани и локални компании.

Организационен одбор на Бадникови поборки