Бадников оган на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница

Со чашка топла ракија, вино или чај, Виничани вечерва со здравица симболично во духот на верувањата, од плоштадот “Ангел Винички“ го стартуваа загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус Христос. Сите заеднички ја продолжија традицијата со палење на Бадниковиот оган како обичај кој на овие простори се практикува со децении и си посакаа мир, здравје, благосостојба во пресрет на најголемиот христијански празник Божиќ.

Општина Виница и градоначлникот Ивица Димитров како организатори на овој настан поделија и три вредни награди за најсреќните тројца во Новата Година на кои им се падна лебче со паричка.

Паралелно со настанот на градскиот плоштад, во неколку маала во виничко организирано се палеа огнови како продолжување на маалската традиција, а имаше и огномети.

Сподели: