Денеска (14.08.2022), во периодот од 04.00 до 10.00 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани преземени се мерки и активности во рамки на „Безбедно лето 2022“.
При реализацијата на активностите на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина и им беше укажано за опасноста од палење оган на отворено во насока на подобра заштита од пожари.
При извршената контрола во однос на забраната за движење во шумски појас, на затекнатите граѓани им беа изготвени усни предупредувања.