„Беласица“ поуспешна од „Осогово“ на „Никола Мантов“

Денес со дуелот од 15. коло беше означен старт на пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ Исток . ГФК „Осогово“ незаслужено е поразен од лидерот на табелата, Беласица со резултат од 0-2 (0-1).

„Жолто-сините“ подобро го отворија мечот и имаа посет на топката во првиот дел. Па така по асистенција на Паунов кој спушти една топка, Михаилов од непосредна близина имаше одлична шанса, но неговиот удар заврши крај десниот директ. Во продолжени и Недановски имаше шанса, но по гршка на нашиот играч Дончев кој на средината од теренот загуби една топка, гостите казниа.

Играчот на „Беласица“ Митев убаво повлече по десната страна, а со голема доза на среќа по неговиот шут топката влезе во нашиот гол откако прво го погоди дирекот, а потоа по гол линијата влезе во мрежата.

Во вториот дел при негатива од 0-1, по изведен слободен удар Крклински имаше одлична шанса да израмни на 1-1, но за жал неговиот удар со глава мина крај десниот горен агол од голот на „Беласица“.

Во финишот „Беласица“ дојде до 0-2 со голот по пенал на Милушев, а овој момент предизвика доста полемика. Имено играчот над кој беше направен прекршокот беше длабоко во офсајд, но првиот помошник Степановски Петар кој денеска судеше очајно остана без реакција.

ГФК „Осогово“ денешниот меч го започна во следниот состав:

Д.Атанасовски, Г. Дончев, Х. Крклински (ж. 73′), С. Ангеловски (ж. 18′), Ф. Михаилов, А. Недановски (ж. 27′), (Б. Здравевски) Д. Паунов (к), Н. Димовски, (Ф. Ѓорѓиев) Ѓ. Глигоров, Д. Трајановски, (Т. Манов) А. Ричков

Сподели: