„Бело злато“: Поддршка во висина од 3 денари по килограм за производство на оризова арпа

Почитувани сограѓани,

Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата усвои финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на ориз и тоа:


– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.

Ова е дел од пакетот мерки  со кои се планира финансиска поддршка во земјоделието и истите, деновиве треба да влезат во собраниска процедура. Апелираме до пратениците да ги поддржат, за да се овозможи нивно реализирање и исплата на финансиските средства пред крајот на оваа календарска година.

Потребите на оризопроизводителите се следат и прифаќаат во континуитет. Доказ за тоа е зголемувањето на субвенциите за ориз кои во последните 3 години изнесуваат 30.000 денари / хектар.

Дополнително, над 1000 оризопроизводители се корисници на зелената нафта како субвенција за гориво за земјоделската механизација.

Целта е јасна: постигнување на достоинствена откупна цена, задоволни оризопроизводители и откупувачи, а веќе сме на пат кон нејзина реализација.

Здружение на оризопроизводители „Бело злато“

Сподели: