Во рамки на активностите за превентивна-здравствена заштита на населението, Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска спроведе активност за бесплатен здравстен преглед на граѓаните преку мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
На пунктот кај Градскиот плоштад, доктор и медицински персонал ги вршеа потребните мерења, а воедно даваа и совети за правилна регулација на крвниот притисок и шеќерот во крвта.
-На повеќето и шеќерот и притисокот им се нормални. Секако, дијабетичарите имаат нешто повисок шеќер во крвта. Прво, бидејќи се работи за постара популација, редовно треба да земаат лекови, контрола на храна, дијабетско – хигиенски режим. Да не претеруваат со храна и со напорна работа, редовно да посетуваат лекар. Овие прегледи се прават редовно и граѓанте веќе се информирани, истакна Јорданка Манева, медицинско лице.
Во текот на двочасовната акција на медицинскиот пункт беа прегледани 45 граѓани. Од Црвен крст – Кочани истакнаа дека вакви активности се спроведуваат согласно програмата и планот за здравствено-превентивна заштита на населението.
И. Матеничарски