Библиотека „Искра“ ги додели признанијата на најдобрите читатели за 2020 година

По повод 23 Април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право, ЈУ Библиотека „Искра“ – Кочани на скромна свеченост ги додели признанијата на најдобрите читатели за 2020 година.

Принанието во категоријата за најдобар возрасен читател и припадна на Марија Николовска , додека во категоријата најдобар детски читател признание доби Лиле Стојменова, ученичка во деветто одделение при ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани.

-Во чест на 23 април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право, на скромна манифестација , ЈУ Библиотека „Искра“ ги прогласи   најдобрите читатели за 2020 година. На најдобрите читатели Марија Николовска  во категоријата возрасни и Лиле Стојменова во категоријата деца, им  доделивме признание и скромни подароци. На читателите кои денес ја посетија библиотеката во чест на денот им подаруваме цвеќе и книга според Каталонскиот обичај. Библиотеката „Искра“ ги избира најдобрите читатели според претходно утврдени критериуми, како што се бројот на прочитани книги и редовност при враќање на истите, истакна Верица Пауновска Дамеска, библиотекар во „Искра“.

Признанието на најдобрата читателка во категоријат деца, Лиле Стојменова и беше доделено лично на самата свеченост, додека на Марија  Николовска, најдобара кај возрасните читатели, од оправдани причини признанието и беше доделено во отсуство.

-Премногу сум среќна и благодарна што сум избрана за читател на годината 2020. Сакам да се заблагодарам на библиотеката „Искра“ за изборот за најчитател на годината. Најчесто читам книги од жанровите романса и трилер. Препорачувам на сите мои врсници што почесто да се дружат со книгите бидејки тие се нашето најголемо богатство, истакна Лиле Стојменова, најдобра читателка за 2020 година од категоријата деца.

Меѓународниот ден на книгата и автоското право, 23 Април, е прогласен далечната 1995 година од страна на УНЕСКО.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: