ЈОУ Библиотека„Искра“– Кочани ги повикува своите најмлади читатели, деца и млади, да ја посетат библиотеката „Искра“ , која работи според насоките и мерките за заштита, која во овој временски период на работење го збогати својот библиотечен фонд со најновите книги за деца и млади, и може да им понуди литература за деца од различен жарн и содржина.
Библиотеката испраќа Повик за учество до најмладите наши сограѓани во програмска содржина „Најубава мисла и порака од мојата омилена книга“, на која може да се учествува со доставување на омилениот дел од содржината – порака и мисла од својата омилена книга.
Учесниците во програмата ќе имаат можност да бидат дел од едукативна работилница на тема „Информациска писменост“.
Најмладите сограѓани, од претшколска возраст, кои читаат заедно со своите родители, можат да учествуваат во програма „Мојата прва книга“ – илустрирајќи цртеж и изработувајќи насловна корица од својата омилена книга и сликовница.
Повикот е отворен од 05.08 до 25.08.2020 г.
Содржината со која сакаат да учествуваат децата и младите во програмите содржини:
„Најубава мисла и порака од мојата омилена книга“ – за деца и млади и содржината на тема „Мојата прва книга“ – за деца на предучилишна возраст,
можат да ја пратат преку masanger на facebook страната на библиотеката: Iskra Biblioteka Iskra.
Со радост го очекуваме Вашето учеството на дадениот Повик.
Со почит,
Координатор:
Магдалена Кочовска-Салтирова, виш библиотекар ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
Директор
Коце Стојменов