Библиотека „Искра“ спроведе работилница во спомен на македонскиот поет Петре М.Андреевски

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани преку работилница под наслов „Есен во мојата градина“, според мотив од стихозбирката „Касни-Порасни” од Петре М. Андреевски одбележа 15 години од отстуство на македонскиот поет и раскажувач .

Работилницата беше наменета за големата група при ЈОУДГ „Павлина Велјанова” Клон 2, при што дечињата се запознаа со животот, делото и творештвото на поетот Андреевски.

-На 25-ти Септември, се одбележува 15 години отстуство на македонскиот поет и раскажувач Петре М. Андреевски, па по тој повод ЈОУ Библиотека „Искра“ му оддава почит на еден мал дел од неговото творештво, кое се однесува на најмалата читателска публика, а тоа е стихозбирката за деца „Касни-Порасни“. Преку работилница под наслов „Есен во мојата градина“, според мотив од стихозбирката „Касни-Порасни“, големата група при ЈОУДГ „Павлина Велјанова” Клон 2 се запозна со особеностите и боите на есента, како и со есенските плодови, кои што беа нацртани од самите дечиња, а се опишани во стихозбирката на авторот Петре М. Андреевски. Поради неговото богато и плодно творештво, неговиот спомен на најнадарен опејувач и толкувач, вечно ќе живее, истакна Верица Паунова Дамеска, координатор на проектот.

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани

Сподели: